28-годишен стружанец заработи кривична пријава за тешка кражба

- Хроника
770

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „тешка кражба“, полициската станица од Струга поднесе кривична пријава против Т.Н. (28) од Струга.

Тој, казненото дело го сторил на десетти минатиот месец во Струга кога со подесен предмет  насилно го отворил прозорот од куќа, влегол  во внатрешноста и извршил пребарување по собите.Притоа, пријавениот Т.Н. противправно одзел пари во разна валута, злато, телевизор, разновидна облека, еден мобилен телефон, ДВД, звучници и други поситни предмети.

Со извршувањето на казненото дело, пријавениот се стекнал со противправна имотна корист од 120.000,оо денари.

Извор: СВР Охрид

Strugaonline

 

Facebook Коментари