Две лица од Струга кривично ќе одговараат за измама

- Локални, Хроника
759

 Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „измама“, НККР Струга, до надлежното јавно обвинителство Струга поднесе кривична пријава против И.К.(58) и С.К.(38), двајцата од  Струга.

– Казненото дело, пријавените го сториле на штета на лицето Р.Н.(41) од кој добиле барање за вкупен износ од 353.730,оо денари да му изработат дрвена столарија, врати, кујни и други елементи. Откако ги добиле парите, сега пријавените не ја изготвиле нарачаната столарија и не му ги вратиле парите.

Со извршувањето на казненото дело, двајцата пријавени се стекнале со против правна имотна корист од 353.730,00 денари.  – информираат од СВР Охрид

Извор: СВР Охрид

 

     

Facebook Коментари