Две лица повредени во тешка сообраќајна незгода кај Мешеишта

- Хроника
918

Тешка сообраќајна незгода во која се повредни две лица се случи синоќа во 19:35 часот на магистралниот пат Охрид-Кичево, помеѓу селата Мешеишта и Требеништа.

– Во незгодата учествувале патничко возило „Ауди“ со охридски регистарски ознаки, управувано од страна на 36-годишниот И.Б. од селото Мешеишта и патничко возило „Опел Мерива“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 41-годишниот Г.М. од Скопје. Од судирот со тешки телесни повреди се здобиле сопатниците во возилото „Опел Мерива“, С.М.(61) и А.М. (66). Тие биле пренесени и задржани во болницата „Св. Еразмо“ во Охрид. Со телесни повреди се здобиле сопатникот во возилото „Опел Мерива“ А.Г.Г. (36) од Скопје, како и возачите на двете  возила. По укажаната помош тие биле пуштени на домашно лекување.  Увид на местото на настанот изврши екипа од СВР Охрид, информираат од МВР.

извор: МВР

фото: архива

Facebook Коментари