Kривична пријава заработи 67-годишен стружанец – со стаклен пепелник ја нападнал сопругата

- Хроника
839

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „телесна повреда при вршење семејно насилство“, полициската станица од Струга поднесе кривична пријава против А.П.(67) од Струга.

Пријавениот, казненото дело го сторил на 12-ти минатиот месец во семејниот дом во Струга каде предизвикал жестока расправија со неговата сопруга. Во момент на нагасена агресивност, сега пријавениот физички ја нападнал сопругата, удирајќи ја со стаклен пепелник по главата и по другите делови од телото, пришто и нанесол  телесни повреди. Таа, набрзо побарала лекарска помош во Општата болница во Струга.

Извор: СВР Охрид

Strugaonline

Facebook Коментари