Кривични пријави заработија четири лица од с. Лабуништа -извршиле тешка кражба во с.Новак

- Хроника
816

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „тешка кражба“, полициската станица од Дебар поднесе кривична пријава против А.Ш.(26), С.М. (32), М.Ш. (21) и Р.Ш. (49), сите од струшкото село Лабуништа.

Пријавените, казненото дело го сториле на осми ноември 2016 година во куќа сопственост на И.Е од селото Новак, општина Центар Жупа, со насилно влегување преку прозорецот од првиот спрат. Притоа одзеле една ловна пушка „Берета“ и еден револвер  „Застава“ кои оштетениот ги поседувал со соодветна дозвола. Дополнително, одземени се и два оквири за пиштол со по 15 куршуми  калибар  9 милиметри, 30 куршуми за карабин, 15 куршуми за Магнум калибар 12 милиметри, 4 хилти и 1300 евра.

Со извршувањето на казненото дело, пријавените се стекнале со противправна имотна корист од  околу 553.500,оо денари.

Извор: СВР Охрид

фото: архива

Facebook Коментари