Лице од Дебар заработи кривична пријава поради бесправно градење во Струга

- Хроника
649

Поради постоење основи на сомнение за сторени казнени дела „бесправно градење“ и „узурпација на недвижности“, полициската станица од Струга поднесе кривична пријава против Џ.М. (34) од Дебар.

Тој, како инвеститор, без одобрение и спротивно на Законот за градба, на улицата „Ристо Крле“ во Струга, изградил доградба на деловен простор. Пријавениот, неовластено поставил метална конструкција на простор помеѓу два објекти што е сопственост на Република Македонија.

На 13-ти минатиот месец, на посочената катарстарска парцела  извршен е надзор од страна на градежен инспектор при Општина Струга, составен е записник и донесено е решение за отстранување  на  нелегалната доградба .

Извор: СВР Охрид

Strugaonline

Facebook Коментари