Лице од Гостивар заработи кривична пријава за сторени пет кривични дела во Струга

- Хроника
786

Полициската станица од Струга поднесе кривична пријава против 23-годишниот Џ.И. од Гостивар поради постоење онови на сомнение за сторени пет кривични дела.

– Станува збор за три кривични дела „тешка кражба“ и две кривични дела „одземање на моторно возило“. Лицето Џ.И. на седми овој месец во канцеларија на такси компанија одзел пари и два пара клучеви од возило, а потоа одзел патничко возило „Опел Астра“ паркирано пред канцеларијата. На 17-ти овој месец, во автомеханичарска работилница одзел 1.000 денари. Истиот ден, во салон за керамички плочки одзел клучеви од патничко возило паркирано пред салонот, го запалил и се упатил во непознат правец со што причинил матерјална штета од 250.000 денари.

извор: МВР

фото: архива

Facebook Коментари