Потпретседател на црковен одбор од Врбјани си ги присвоил парите од донации

- Хроника
778

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „затајување”, СВР Охрид поднесе кривична пријава против Г.П.(66) од Охрид.

Тој, казненото дело го сторил во периодот од мај 2015 година до јуни 2017 година во својство на потпретседател на црковен одбор на црквата „Свети Ѓорѓија“ од селото Врбјани. Пријавениот, парите кои му биле доверени од донации на верници, од сеча на шумски дрвја и по други основи што требало наменски да ги троши за потребите на црквата, противправно ги присвоил и ги ставал на три сопствени жиро сметки, една денарска и две девизни.

На 21 јули минатата година, кога му престанале обврските како потпретседател, сега пријавениот Г.П. парите кои преостанале како салдо на сметките за кои немал покритие во износ од 1.133.512 денари одбил да ги предаде на Црковниот одбор односно ги затаил за себе.  

Извор: СВР Охрид

Strugaonline

     

 

Facebook Коментари