Стружанец заработи кривична пријава за неколку кражби

- Хроника
891

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „кражба“ и две казнени дела „тешка кражба“, полициската станица од Струга поднесе кривична пријава против Н.М. (34) од Струга.

Пријавениот, казнените дела ги сторил во периодот од 25-ти декември минатата, до 14-ти јануари оваа година, најнапред во помошна просторија во струшкото село Радолишта а потоа во магацински простор и во даночното оделение на УЈП во Струга.

Тој, во помошните простории влегол употребувајќи го клучот оставен до влезната врата, при што одзел една моторна пила, флекс машина, комплет кутија со алати со што причинил мат.штета од 40.000денари. Пријавениот Н.М. во објектот УЈП-Даночно одделение-Струга,  влегол насилно со  употреба на тврд предмет и одзел радијатори и вентили и предизвикал материјална штета околу 60.000 денари. Во магацинскиот простор, успеал да влезе откако со чекан го скршил катинарот од влезната врата, извршил пребарување а потоа одзел еден апарат за швајцување, две брусалици, 50 метри електричен кабел и една поголема вреќа со бакарни жици и кабли. Со извршувањето на ова казнено дело, сега пријавениот Н.М. предизвикал материјална штета од околу 32.500денари.  

Извор: СВР Охрид

фото: архива

Strugaonline

Facebook Коментари