Заканувајќи се со нож се обидел да одземе седативи пред аптека во Струга

- Хроника
48

52-годишниот Б.Н. под закана со нож се обидел да одземе седативи од 48-годишниот И.И. пред аптека на улицата „Маршал Тито“ во Струга.

Инцидентот се случил во 09:15 часот, кога Б.Н. се обидел да ја спроведе заканата над лицето од струшко Заграчани, по што И.И. се повлекол во аптеката и повикал полиција.

На лице место пристигнале полициски службеници од Полициската станица во Струга. При преземање на службени мерки, Б.Н. давал активен отпор, држејќи го ножот во рака насочен кон нив и упатувајќи им сериозни закани. Истиот е совладан и приведен во Полициската станица.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

извор: МВР фото: архива

Facebook Коментари