Жител на охридското село Шипокно кривично ќе одговара за казнено дело „телесна повреда“

- Хроника
729

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „телесна повреда“, СВР Охрид Охрид поднесе кривична пријава против Л.И.(64) од охридското село Шипокно.

Пријавениот, казненото дело го сторил на 19 овој месец во 17 часот во дворот од семејната куќа каде била неговата поранешна сопруга. Тој најнапред и упатил низа  навредливи зборови и закани по нејзиниот живот со што предизвикал страв и несигурност а потоа физички ја нападнал удирајќи ја со стап по целото тело.

Оштетената набрзо била пренесена во Општа болница во Охрид, каде и  била  укажана неопходна  лекарска помош.

Извор: СВР Охрид

 

 

 

 

Facebook Коментари