Жител на Радолишта, осомничен за убиство во обид, уапсен на Табановце

- Хроника
837

Во текот на вчерашниот ден на Граничниот премин Табановце, на влез во Р.Македонија од страна на полициски службеник бил лишен од слобода М.Г.(37) од с.Радолишта-струшко.

При проверка во оперативна евиденција лицето се барало по телеграма од МВР-Одделението за потраги и телеграма од СВР Охрид, со мерка „лиши од слобода“ поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело “убиство во обид“.

Лицето со потврда за предавање на лице било предадено на полициски службеници од СВР-Куманово за понатамошна постапка. (Крај)

извор: МВР фото: архива

Facebook Коментари