ДНК најавуваат нова песна и интересен спот

- Музика
2218

Групата  ДНК  го најавува новиот видео запис за песната „Дијамант“, а во видеото ќе учествуваат и најзгодната македонска кошаркарска репрезентативка и фитнес модел Едина Муса,  кошаркарските ривали Jordon Crawford, кој игра за МЗТ, и Marcus Ginyard, од КК Работнички. Тука се уште и Тифани Росарио, фотомодел која доаѓа од САД, и заштитниот лик на ДНК, Буцо Битбокс…

Што всушност имаат и што се случува во кадрите снимени во фитнес центарот на хотелот „Парк“ ќе дознаете наскоро затоа што видеото е за новата песна која како бонус песна ќе се најде на „Best off албумот”, што ќе биде промовиран кон средината на следниот месец.

„Дијамант“ веќе очекувано е со потписот на Панчо и Лазар Цветковски, додека за видеото и за она што ќе се случува во него поголема најава од оваа не ви е потребна – Ријана, Панчо, Андреј, Едина, двајца кошаркари…

Сосема доволно за лудило, впрочем, така велат и дечките од ДНК: „Не би издавале што ќе се случува во видеото, од ликовите кои се во него сигурно ви е јасно дека на снимањето ни беше максимално забавно и дека имаме одлична видеоприказна.“

Промоцијата на новата песна и новото видео ќе се случи кон средината на мај, кога на јавноста ќе и биде претставен и материјалот со Најдоброто од ДНК.

Strugaonline

Facebook Коментари