ДНК најавуваат нова песна и спот

- Музика
1209

PR тимот на групата „ДНК“ со гордост најавува дека момците од ДНК имаат нова песна со наслов “Пола човек”. Авторскиот тим кој стои зад темата е веќе стандарден за нив, па така текстот е на Панчо, аранжманот на Лазар Цветковски, а музиката нивно заедничко дело. Песната, и повторно очекувано за Панчо и Андреј, излегува во истовреме со спот работен под режисерската палка на Александар Ристовски – Принц.

Кадрите за видеото се веќе снимени и тоа на неколку интересни локации меѓу кои една напуштена фабрика, на отворено и во хотекот Loginn. Во прашање е една несекојдневна приказна, односно крими триаголник и љубовна измама – динамично видео во стилот на Панчо и Андреј.

Главната улога ја има Олгица Стрика од Куманово, девојката која всушност се појавува и во спотот за “Само таа знае како”, чие повторно појавување е и рарирет за момците кои немаат баш обичај да се повторуваат. Овој пат имаат силна причина, впрочем, ќе го видите видеото и се ќе ви стане јасно.

Премиерата на “Пола човек” се очекува во првата недела од месец март, а освен Панчо, Андреј и Олгица во видеото се појавуваа уште тројца интересни статисти.

Веруваме дека повторно спакувавме оригинална и поразлична видеоприказна. Како и секогаш се обидовме да бидеме оригинални и интересни”, велат момците од ДНК, кои по кусата пауза од домашната музичка сцена се враќаат со полна пареа и со неколку нови интересни проекти за кои допрва ќе се зборува.

Strugaonline

 

Facebook Коментари