ДНК промовираа нова песна, спот и ДВД од последниот концерт

- Музика
1886

Терасата на Парк хотел и спа вчеравечер беше претесна да ги собере сите соработници, колеги и пријатели на момците од ДНК, Панчо и Андреј, кои имаа тројна промоција. Нов спот и песна, нов материјал со најдоброто од нив во изминатите 16 години и ДВД од концертот одржан минатата година, а по повод јубилејниот 15 роденден на двоецот.

„Ви благодариме што сите овие години сте со нас и нашата музика, без вас навистина ништо”, едногласни се момците, кои освен сработеното уште еднаш покажаа дека се луѓе со огромни срца. Имено, материјалот ‘The best off’ и – дивидито од концертот одржан минатата година во Метрополис арената, а по повод нивниот јубилеен роденден – 15 години ДНК не го подаруваа, продаваа, но ги замолија сите присутни кои ќе дојдат до пултот каде што можеа да се земат истите да донираат за Ања, девојката на која и е потребно ново срце. Гест кој наиде на огромна поддршка кај присутните, некаде околу 400 гости, а меѓу нив Дејан Манасков, Тара, Дани, Елена Ристеска, Влатко Лозаноски, Ребека, Тамара, Роберт Билбилов, Наташа Малинкова, Дарко Димитров, Лила… На крајот, по завршувањето на промоцијата на сметката на Ања веќе се уплатени точно 48, 268 денари.

Присутните премиерно го видоа и видеото за новата песна со наслов „Дијамант”, инаку снимено токму во овој хотел. Песната, пак, е заедничко дело на Панчо и нивниот долгогодишен соработник Лазар Цветкоски.

Дел од албумот „The best off” се 22 добро познати теми, меѓу кои „Авион”, „Стојам сам”, „Невозможна мисија”, „Пази се од мене”, „Таа тоа го крие”, „Полна месечина”, „Навлечен на тебе”, „Она е од Шутка”…, и токму „Дијамант” како бонус трака.

Strugaonline

Facebook Коментари