Дуа Липа и Стормзи најуспешни на „Brit Awards“

- Музика
831

Синоќа во 02 арената беа доделени наградите за најдобри британски музичари „Brit Awards“. Тоа дефинитивно беше вечер на Дуа Липа, која беше прогласена за женска уметничка на годината, како и Стормзи кој ja доби истата награда  во машка категорија.  Стормзи исто така ја доби наградата „албум на годината“ („Gang Signs & Prayer)

Групата „Gorillaz“ беше прогласена за најдобра британска група, додека наградата за најдобра меѓународна група ја добија „Foo Fighters“.

Ед Ширан ја освои наградата за светски успех, а Rag’n’Bone Man се закити со признанието сингл на годината за  „Human“.

Наградата за најдобра меѓународна пејачка ја освои Лорде, додека за најдобар меѓународен пејач беше прогласен Кендрик Ламар.

За спот на годината, според изборот на гледачите,  беше прогласено музичкото видео на Хари Стајлс за песната „Sign of the Times“.

Strugaonline

Фото: BRITs

 

Facebook Коментари