И покрај дождот Сара полета во вселената со својот бенд!

- Музика
85

Скопје, (27.09.2017) Сара Мејс покрај временските неприлики во Скопје создаде прекрасна атмосфера за сите љубители на музиката. Поради дождот Сара Мејс и нејзиниот бенд акустично го изведoa проектот Floating through space и ја исполнија желбата на сите кои беа на платото на МОБ, дојдени да уживаат во концертот.

Таа на одличен начин ја истакна нејзината уникатност на плоштадот „Мајка Тереза“, совршено претставувајќи го концептот на најновиот проект Floating through space with Sarah Mace. Поради сонот и желбата да ги исполни обожавателите на музиката со пријатни чувства и незаборавни моменти, Сара Мејс ќе одржи уште еден концерт во Скопје Сити мол на 01.10.2017 во 15:00 часот.

Македонската пејачка покрај концертот, вчера го промовираше и новиот албум Floating through space with Sarah Mace, кој е авторско дело на Мејс и нејзиниот бенд. Истиот е издаден од страна на Пасворд Продукција.

Проектот во вистинско светло, со целата предвидена сценографија и костимографија ќе може да се доживее во недела на 01.10.2017 во 15:00 часот во Скопје Сити Мол.

 

 

Facebook Коментари