Тајфата ја претстави „Песно стара“ со видео запис и музика створена од најдлабоките емоции

- Музика
1642

Скопје, (28.09.2017) Сеќавањата со пријателите, саканите и родителите никогаш не се забораваат. Тие се трансформираат во нешто повеќе, нешто што со себе не привлекува само слики од одредена ситуација туку чувства кои ја разгоруваат и исполнуваат душата. Оваа клучна човечка доблест да се сеќаваме на моментите кои градат карактер Никола Јанков – Коки ја преточи во песната „Песно стара“ и нејзиниот видео запис. Тој цели кон тоа да ја долови сечија приказна без разлика дали таа е родена во кола, во дискотека, во парк или на било кое друго место.

„Стара песна. Секој има некоја своја стара песна. Оваа песна сигурно има некој поширок контекст, но јас ја доживувам интимно и ме врати некаде назад за да можам многу појасно да видам во што ме чека во иднина. Јас немам некоја претензија да бидам пејач и верувам дека ја раскажав песната искрено и се надевам дека тоа се слуша.“ истакна Никола Јанков – Коки на денешната промоција за „Песно стара“. Тој додаде дека е многу среќен со новата екипа и дека верува дека прават и ќе продолжат да прават интересни работи кои ќе ги побудат сите обожаватели на музиката.

„Старите песни се некое природно чудо коешто тешко може да го објасниме. Оваа песна е посветена на “старите песни“ од било кој жанр, тоа може да е некоја стара македонска песна, може да е некој рокенрол евегрин, а може да е и некој инструментал од Карлос Сантана. Многу сум среќен што оваа песна ми се појави од некаде. Мислам дека Коки е во некоја полна музичка зрелост и како човек чија животна судбина е музиката, песната ја доживеа многу лично и на тоа сум екстремно горд. Секој што ќе ја чуе ќе ја доживее на свој сопствен начин. За некого тие се некоја временска машина со која минатото и иднината се допираат и живеат заедно.“ рече Венко Серафимов, автор на музиката и текстот на „Песно стара“.

Аранжманот, мастеринг и продукција на „Песно стара“ е од Дејан Ѓоргиевски – Ѕене и неговото студио “Ѕене“ и заедно со Венко Серафимов тие се уметниците со кои Коки соработува уште од времето на „Дуле и Коки“. Придружните вокали се на Андријана Јаневска и Стево Цепишевски,

Виде записот е под режисерска палка на Антонио Павловски, продукција Storyteller, кој рече: “Целиот проект помина во одлична атрмосфера и крајно професионално, од моментот кога прв пат разговаравме со Коки, подготовките, снимањето, па се до овој момент”.

Во видео записот глумат актерите Жарко Спасовски и Никола Стефанов, а поддршка за реализација на овој проект овозможија: мојот комшија Ангел Глигоров кој ми ј апојзајми Дианата, Томе Корнер, Владимир Тулиев, Јасмин Маневски, Златко Симеоноски – Зеко, и АМСМ.

Како што вели Коки, „Пронајдете ја Вашата приказна во секоја нота!“

 

Facebook Коментари