(ВИДЕО) Постхумно објавена песна на Ејми Вајнхаус

- Музика
858

Песната “My own way” пејачката Ејми Вајнхаус ја снимила кога имала само 17 години. Меѓутоа таа песна досега не била воопшто објавена, се до денеска. Бројните фанови на Ејми оваа песна можат да ја слушнат  благодарение на лондонскиот продуцент и музичар Џил Генг  кој ја поставил на Youtube каналот.

“Во тој период работевме на многу поп песни со различни музичари. Демо снимките им ги праќавме на издавачките куќи, а поп светот беше преплавен со грозни бендови. Ејми нè посети, ја отвори устата и едноставно не воодушеви”, рекол Генг.

Сите незавршени материјали на Ејми беа уништени во 2011 година после нејзината смрт, а нејзината издавачка куќа ги уништи за да не се издаваат нејзини песни постхумно и некој да заработува на нив.

“Неодамна ја пронајдов песната и помислив: “Зошто луѓето да не ја слушнат? И поради тоа ја објавив”, изјавил Генг.

Ејми Вајнхаус  почина во јули 2011 година, од труење од алкохол.

 

Facebook Коментари