(ВИДЕО) Здравко Чолиќ го промовираше спотот за „Тебе чувам за крај“

- Музика
1370

Новиот спот на Здравко Чолиќ за песната  „Тебе чувам за крај“,  која веќе стана голем радиски хит,  денеска во 12:00 часот премиерно беше поставен на официјалниот YouTube канал.

Спотот е снимен во Лисабон, еден од најубавите поморски градови во Европа.

Екипата која работеше на овој спот имаше можност да ужива во совршениот амбиент кој ја доловува приказната која ја раскажува песната „Тебе чувам за крај“.

„Имав идеја спотот да се сними во Лисабон, со оглед на стилот на песната и музиката во неа. Жарот на песната е таков, еден вид на салса, а малку асоцира и на латино музика, полу-бразилски. Јас и режисерот на спотот размислувавме, разговаравме и така изборот падна на Лисабон.“ – открива Здравко Чолиќ.

„Убаво е чувството кога знам дека Здравко пее моја песна. Како мал, сакав да собирам сликички, тоа го пренесов и на овој музички проект. Годините си го направија своето, ми недостасуваше само Здравко Чолиќ, ете така настана оваа песна. – вели авторот на песната Мирослав Рус, за која аранжманот го потпишува Никша Братош.

Ова е четврта екранизација од песните од новиот албум на Чолиќ  насловен како „Оно мало срече“, прво заедничко регионално издание од двете најголеми издавачки куќи

PGP RTS i CROATIA RECORDS.

Strugaonline

 

 

Facebook Коментари