(ВИДЕО):Каролина Гочева го најави новиот албум со песната „Sвона“

- Музика
1532

Kаролина Гочева со музичко изненадување за своите многубројни фанови и за љубителите на музичката уметност во најсофистицирана смисла на зборот. Нежната композиција „Sвона“ и прекрасниот видео запис ве носат на прекрасно патување. Музиката и аранжманот се дело на Николче Мицевски, а текстот го напиша Весна Малинова

„За сите што ни се во срцата, а не се со нас…

И сите песни да стивнат, сите рози да се скинат, љубовта не исчезнува!

Се надевам дека ќе уживате во нашава топла приказна, прва од новиот албум што за Вас со огромна љубов го подготвуваме.“ – напиша Каролина во описот за нејзината нова песна, а позитивните коментари не стивнуваат ниту од колегите ниту од фановите.

Strugaonline

Facebook Коментари