Промоција на книгата „Говор на телото“ од проф.д-р Зендел Абедин Шехи во Струга

- Локални
1477

Во петок (30.11.2017) во Центар за култура „Браќа Миладиновци“ во Струга ќе се одржи промоција на книгата „Говор на телото“ на македонски јазик од авторот проф.д-р Зендел Абедин Шехи.

Верица Пандилоска Гичева од ПР ММ ЕУ ИНСТИТУТ за книгата вели:

ГОВОРОТ НА ТЕЛОТО всушност претставува комплетен навигациски водич за невербална комуникација. Во книгата се зборува за историјата на невербалната комуникација, нејзината природа, еволуција на говорот на телото. Универзални фацијални експресии, читање и анализирање на луѓето околу нас. Разбирање на туѓите гестови, знаци и други фактори (сигнали и значење). Значење на знаците (очи – движења, глава, раце далнки, ракување, нозе стапала, пресонална далечина и синхронизација). Говорот на телото, позиционирање и седење во однос на другите. Флертување, додворување, закажување состанок.

Речник на говорот на телото. Фобии (психологија ).
Психологија на лагата
Зошто лажеме,што губиме а што добиваме?
Препознавање на лаги
Его
Цена на лажењето
Препознавање на лаги
Воедно во книгата се зборува (професорот ќе зборува во своето излагање на промоцијата) за убавината и убавиот збор на куртуазивноста и емпатија, за експресија и светот на емоции и за ред други убави нешта. Нашата секојдневна преокупација и позиција што секој од нас ја има во општеството не тера на различни конверзации со луѓе од различни профили и различни“ светови”. Па би рекле: високоинтелигентни, сензитивни, праведни, срамежливи и тн. Ако таквите поими ги сублимираме и вршиме некаква симбиоза без двоумење ќе поминеме во “емпатија”. Последново “емпатија” е широк поим кој што тешко може да се дефинира. Професорот се потруди на еден начин да ја претстави како способност за разбирање на емоциите на други луѓе и правилно реагирање на истите. Можеби интересно Ви звучи, а можеби и малку комплицирано. Но, за таа “емпатија” и за многу други убави нешта ќе говори претседателот и основач на ЕУ ИНСТИТУТОТ проф. Др. Зендел Абедин Шехи. Човекот со огромно искуство во менаџмент, меѓународно право и дипломатија, но и експерт за говор на тело и комуникација. Човекот со визија и сон вели: “Имам еден сон кога еден ден сите граѓани ќе сфатат дека унитарноста и респектот на заедничките вредности ќе ги инвестираат во доверба и љубов каде што луѓето без предрасуди и омраза, без причина ќе научат со заеднички сили да ги победат сите препреки што ги ограничуваат да бидат дел од светот што припаѓаат.”

Почетокот на промоцијата е закажан за во 18:00 часот.

Strugaonline

 

Facebook Коментари