Жител на с. Лешани повреден од заталкан куршум

- Останати, Хроника
792

Во текот на вчерашниот ден, во охридската болница „Св. Еразмо“ бил донесен 38-годишниот Ј.М. од селото Лешани, со прострелна рана во пределот на надлактицата од левата рака.

Од страна на полициски службеници бил извршен разговор со Ј.М., кој што кажал дека истиот ден, околу 16:30 часот додека се движел пеш со негов роднина од истото село кон место викано „Гркополе“ бил погоден од заталкан куршум.

Од МВР информираат дека се преземаат мерки за расчистување на настанот. (Крај)

извор: МВР

фото: архива

Facebook Коментари