Вардарки ја совладаа екипата на Будуќност – остануваат лидери во групата

- Спорт
907

Во балканскиот дуел од лигата на шампионите  ЖРК Вардар го победи првакот на Црна Гора со 31-24 (19-8). Ова е деветти триумф по ред сезонава во елитното европско натпреварување за „црвено-црните” најавувајќи дека се во одлична форма на патот до четврт-финалето на ЛШ.

Неизвесно беше само во почетните минути од натпреварот. Вардарки брзо успеаа да направат добра разлика и конфорно да играат до крајот на првото полувреме.

„Црвено-црните” имаа процент на реализација поголем од 65 отсто, слично беше и со погодените удари кон голот на Будуќност.

Второто полувреме беше исто толку успешно како и првото, иако се беше решено Вардарки со целосна посветеност и капацитет играа до крајот на натпреварот, дури и тогаш кога имаа двоцифрена предност.

Вардар – Будуќност 31-24 (19-8)
ВАРДАР: Лејно (15 одбрани), Суслина, Радичевиќ 3, Кликовац, Саздовска, Кузнецова 4, Бајрамовска, Лазовиќ 1, Пенезиќ 8, Чанаџија 3, Лакрабер 2, Хмирова 1, Цвијиќ 4, Лекиќ 2, Петровиќ 2, Ристовска 1.

Вардар останува лидер на табелата во група 2 во Главната фаза со максимални 14 бода, и со најдобра гол разлика (+ 45) и најдобар напад во лигата на шампионите (219 гола).

Во следното коло на 25 февруари Вардар гостува во Франција кај Мец.

Извор и фото: zrkvardar.mk

Strugaonline

Facebook Коментари