Денеска продолжуваат натпреварите во елитната фудбалска Лига на шампиони

- Спорт
714

По дваесет дневна пауза, продолжуваат натпреварите во елитната фудбалска Лига на шампиони. Денеска на програмата се осум средби, од претпоследното 5.коло, во сегментот на групи од Е до Х половината.

Два од осумте натпревари ќе стартуваат во терминот од 18, а останатите во стандардниот термин од 20.45 часот.Најинтересно ќе биде во Е групата во која три тима кои се борат за двете места кои водат во нокаут фазата, се само во еден бод разлика.

Комплетни двојки за денешните средби во ЛШ:

Е група: Спартак Москва – Марибор (од 18 часот) и Севиља – Ливерпул (20.45 часот)
Табела: Ливерпул 8 бодови, Севиља 7, Спартак Москва 5, Марибор 1.

Ф група: Наполи – Шахтјор Донецк и Манчестер Сити – Феенорд (20.45 ч.)
Табела: *Манчестер Сити 12, Шахтјор 9, Наполи 3, Феенорд 0.

Г група: Бешикташ – Порто (18 ч.) и Монако – РБ Лајпциг (20.45 ч)
Табела: Бешикташ 10, Порто 6, Лајпциг 4, Монако 2.

Х група: Борусија Дортмунд – Тотенхем и АПОЕЛ Никозија – Реал Мадрид (20.45 ч)
Табела: *Тотенхем 10, Реал Мадрид 7, Борусија Д. 2, АПОЕЛ 2.

*Обезбеден пласман во нокаут фазата.

извор: Сител

фото: архива

Strugaonline

 

Facebook Коментари