Ѓорѓи Стојанов е новиот селектор на џудо репрезентацијата на Македонија

- Спорт
1315

По изборот на новото раководство на Џудо Федерацијата на Македонија распишан беше конкурс за избор на слектори на џудо репрезентацијата на Македонија.

Во конкуренција на неколку реномирани стручни лица, довербата да ја предводи џудо репрезентацијата на Македонија му беше доделена на Проф. Ѓорѓија Стојанов од Струга.

 Ѓорѓија Стојанов е дипломиран професор по физичко образование, спорт и здравје на факултетот за Физичко образование спорт и здравје при УКИМ Скопје и актуелен лиценциран главен тренер во Џудо Клуб ДРИМ Струга. Зад себе има богата историја на спортски успеси како на натпреварувачко така и на тренерско ниво. Тој бил долгогодишен државен првак и репрезентативец на Македонија, а Џудо Клубот ДРИМ од Струга под негово стручно раководство како главен тренер, три години по ред е најдобар клуб во конкуренција на Пионери и Пом. Пионери на ниво на Македонија, со што голем дел од актуелните репрезентативци во пионерска репрезентација на Македонија се токму негови ученици од ЏК ДРИМ СТРУГА.

„Многу сум благодарен за доделената доверба од страна на спортскиот дирекотр и раководството ЏФМ да ја предводам пионерската репрезентација на Р. Македонија. Џудото е мојата љубов и ја сакам оваа професија. „ – вели Стојанов

Тој додава дека ќе даде се од себе и ќе успее да изгради врвни џудисти кои  ќе остваруваат врвни спортски резултати и верува дека  џудо репрезентацијата на Македонија ќе ја издигне  на највисоко ниво.

Strugaonline

Facebook Коментари