Лекич, Радичевиќ и Цвијиќ потпишаа за ЧСМ Букурешт

- Спорт
1069

И официјално се потврди распадот на силниот тим ЖРК Вардар, откако ракометарките добија јасна порака дека можат да си бараат нови клубови поради радикално намалување на финансиите во клубот, три клучни ракометарките на нашиот шампион експресно си најдоа нов тим и тоа романскиот ЧСМ Букурешт.

Лејно пред извесно време потпиша за Ѓер, а Андреа Лекиќ, Јованка Радичевиќ и Драгана Цвијиќ наредната сезона ќе играат во редовите на ЧСМ Букурешт, клуб кој со овој потег јасно става до знаење дека има крајно атрактивен проект кој ветува позитивни резултати. Лекиќ стави потпис на двегодишен договор, истото важи и за Радичевиќ, додека Цвијиќ која изминатово лето дојде во Вардар се обврза на едногодишна соработка.

StrugaOnline

Facebook Коментари