Македонија седма на најновата листа на ЕХФ -успесите на Вардар вродуваат со плод

- Спорт
737

Трите пласмани на Вардар во Топ-8 екипи во лигата на шампионите и шампионската титула ланската сезона дипринесоа  за скокот на Македонија на листата на ЕХФ во однос на клупскиот ранкинг. На најновата листа на ЕХФ Македонија направи скок од едно место и се наоѓа на седмото место што е најдобар пласман досега на македонскиот машки ракомет.

Во јуни годинава Вардар ја освои лигата на шампионите, и стана првата машка екипа во Македонија во екипен спорт што освоила ваква награда. Вардарци  како дебитанти на Ф4 турнирот во Келн ги победија Барселона и ПСЖ во драматични натпревари и стигнаа до титулата.

Најновата ранг листа ќе се користи за следната сезона и дистрибуцијата на места во европските купови. Македонија има 51,22 бода, и се наоѓа во средина меѓу Данска (63,33) и Хрватска (42,25). Рангирањето се прави врз основа на резултатите на сите машки екипи во сите европски купови во последните три сезони.

Новата ранк листа на ЕХФ ќе им донесе на македонските тимови и три места во Купот на ЕХФ. Повеќе нема да имаме претставници во Купот Челинџ, туку еден во ЛШ и уште три во ЕХФ купот.

Извор и фото : rkvardar.mk

 

Facebook Коментари