Македонија скокна за девет места на новата ранг листа на ФИФА

- Спорт
928

 Победата против Норвешка (2-0) во пријателската средба овој ноември донесе нов скок на македонската фудбалска репрезентација на последната ФИФА ранг листа.

Избраниците на Игор Ангеловски се искачија на 76. позиција, напредувајќи девет места од претходното рангирање во октомври. Ова се одлични вести за македонскиот фудбал, ако се земе предвид дека годината ја започнавме на разочарувачкото 162. место.

2017 година е една од најуспешните во нашата историја во која запишавме пет победи, три нерешени резултати и само еден пораз (Шпанија).Пред нас се уште има земји како Мали, Обединети Арапски Емирати, Уганда, Замбија… но напредокот е очигледен.

На врвот и понатаму е Германија, меѓу најдобрите десет се и Бразил, Португалија, Аргентина, Белгија, Шпанија, Полска, Швајцарија, Франција и Чиле. (Крај)

извор: 24фудбал

Фото: архива

Facebook Коментари