Македонија во првиот шешир во ждрепката за ЕП 2020

- Спорт
897

Ждрепката за квалификациските групи за ЕП 2020 година ќе се одржи на 12 април во Трондхајм, Норвешка, а Македонија за прв пат ќе стартува од најсилниот прв шешир, во кој се наоѓаат и селекциите на Франција, Хрватска, Германија, Данска, Словенија, Белорусија и на Унгарија.

Тоа значи дека Македонија нема да може да биде во иста квалификациска група со ниту една од наведените репрезентации, односно ќе се најде во група со по една селекција од преостанатите три шешири. Поредувањето на репрезентациите по шешири произлегува од ранкингот на ЕХФ, кој пак се смета според резултатите од претходните квалификации и големите натпреварувања.

Шешир 1:  Франција, Хрватска, Германија, Данска, Словенија, Белорусија, Унгарија и Македонија.
Шешир 2:  Русија, Чешка, Полска, Исланд, Србија, Црна Гора, БиХ, Холандија и Португалија.
Шешир 3:  Летонија, Литванија, Швајцарија, Словачка, Украина, Израел и Турција.
Шешир 4:  Финска, Белгија, Естонија, Грција, Романија, Италија, Косово и Фарски Острови.

.Поради тоа што во вториот шешир се наоѓаат три репрезентации кои имаат ист ранг (Босна и Херцеговина, Холандија и Португалија), најпрво ќе биде извлечена една од овие три селекции која ќе биде преселена во третиот шешир, а потоа извлекувањето ќе се продолжи со извлекувањето на останатите селекции.

Инаку, ова е прво ЕП на кое ќе учествуваат 24 репрезентации, а од осумте квалификациски групи учество на завршниот турнир ќе обезбедат по двете најдобропласирани селекции од секоја група, како и четирите најдобри третопласирани селекции од сите групи. Покрај домаќините на ЕП, Шведска, Австрија и Норвешка, обезбеден пласман на турнирот има и актуелниот шампион Шпанија.

Според предвидениот распоред, првите натпревари од квалификациите за ЕП 2020 ќе се одиграат во периодот од 24 до 28 октомври 2018 година, а останатите средби се на програмата во април 2019 и во јуни 2019.

Извор и фото: РК Металург

Strugaonline

Facebook Коментари