Нашите фудбалери со убедливи 4:0 во дуелот со Лихтенштајн

- Спорт
867

По мечот со Албанија, во последниот натпревар од групата Г , Македонската фудбалска репрезентација  беше домаќин во дуелот против Лихтенштајн. Откако Македонија сосема очекувано ја совлада екипата на Линxтејнштан завршуваме како петти во групата.  Голот првенец за екипата на Вардар  го постигна Муслиу во 36-та минута.  Брзо следеше и вториот гол за нашата екипа кој го постигна  Алек Трајковски и на пауза заминавме со 2:0.

Ѕвезда на вечерта беше Енес Барди кој на неколку наврати доби аплаузи и скандирања на неговот име од публиката, пред се поради партиите кои ги пружа во Примера сезонава.

Вториот дел од натпреварот донесе нови шанси и нападни на нашите фудбалери. Барди во 66’ минута го даде својот дебитантски гол за сениорскиот состав на асистенција на Трајковски за висока предност од 3:0 на нашиот тим. Брзо потоа, за нов постигнат гол солзи радосници пушти Аријан Адеми кој го донесе четвртиот гол за нашите фудбалери.

Македонската фудбалска репрезентација ги заврши квалификациите на 5. место со 15 дадени и 15 примени голови.

 

Facebook Коментари