Нерешено со Германија, Македонија е прва во групата

- Спорт
723

Македонија достојна на очекувањата на бројните навивачи, ремито со европскиот првак Германија е одличен резултат кој ни донесе прво место во групната фаза и 3 бодови кои ги пренесуваме во гглавната фаза што ќе се игра во Вараждин.

Нашите ракометари одлично го започнаа натпреварот и брзо бевме со позотива од 2 гола односно водевме со 1:3. Имавме висока преднос и од 2:5, па потоа беше 3:6, но Германците брзо успеаа да ја стопат предноста на Македонија. Имаше неколку грешки во играта на Македонија па Германија стигна и до 10:7, а на одмор отидовме со резултат 12:11.

Во 35-та минута од натпреварот Талевски успеа да ја ја врати предноста на нашата репрезентација со резултат 13:14

До 16:16  се играше гол за гол, пред Стоилов да постигне убав гол со шрауба, а Манасков и Лазаров да ни донесат 16:19. Набрзина Фер намали на 18:19, но капитенот погоди за 18:20. Повторно имаше криза во нашиот напад и Германија го презема водството со 21:20, пред Манасков да израмни на 21:21.

Потоа имаше израмнување од 22:22, а во 56-та минута беше 23:23.

Полсе израмнувањето од 25:25 , Стоилов имаше шанса за победнички гол но Хајневетер одбрани. На десет секунди пред крајот Германците тргнаа во напад но не шутираа со што натпреварот заврши нерешено.

Strugaonline

 

Facebook Коментари