Охридските ракометари доживеаа втор пораз и елиминација во квалификациите за ЕХФ Купот

- Спорт
724

После убедливиот пораз од Порто со 20:37 во првиот натпревар од второто квалификациско коло од Купот на ЕХФ, ракометарите на Охрид, забележаа пораз и во реваншот со португалскиот тим, кој исто така се одигра на гостински терен. Порто уште во првиот дел  ги реши дилемите во овој двомеч. Водеа домашните со 26:13 на паузата, а во вториот дел само го дополнија водството, до конечни 44:26. Најдобар кај домашните беше Гутиерез со 7 голови, а кај Охрид Адамовиќ даде 7, а Димитријески постигна 5. Сега охриѓани се враќаат на обврските во домашниот шампионат, каде се единствена непоразена екипа, а ги очекува заостанатиот натпревар против екипата на Металург 2 во Скопје.

Извор: 24rakomet

Фото: архива

Strugaonline

 

Facebook Коментари