Oва се учесниците на Ф4 турнирот во Будимпешта

- Спорт
123

На Ф4 турнирот во женската лига на шампионите на почетокот на мај ќе учествуваат екипите на Вардар, Ѓер, Ростов и ЧСМ Букурешт.

Три од екипите што сега изборија пласман на завршниот турнир играа на Ф’ и лани: Вардар, Ѓер и ЧСМ Букурешт. Бранител на титулата е Ѓер, а Вардар е европски вице првак.

„Црвено-црните” се единствен тим што учествува на сите пет завршни турнири и секогаш се враќал со медал. Трипати бронзен, а лани сребрен.

Полуфиналните двојки ќе се извлекуваат со ждрепка на 17 април во Будимпешта во 18,30 часот.

Извор и фото: zrkvardar.mk

Facebook Коментари