По неуспехот во бараж двомечот со Македонија, романскиот селектор Чави Пасквал поднесе оставка

- Спорт
743
Селекторот на романската ракометна репезентација Чави Пасквал вечерва поднесе оставка по неуспехот во бараж двомечот со Македонија. Романија се надеваше на пласман на Мундијалот под раководство на шпанскиот стручњак, но доживеа убедлив пораз во Скопје и оствари минимална победа на реваншот во Клуж.
-Нема да можам повеќе да имам обврски и во репрезентација и во клуб. Им благодарам на играчите и на сите вклучени во репрезентацијата. Можеби не ги остваривме резултатите кои ги очекувавме, но оваа земја е горда на своите ракометари, истакна актуелниот тренер на Барселона.
Извор: МИА
Strugaonline
фото: aрхива

Facebook Коментари