Подобри си чувство, со едно ново искуство. Шест години со Форма Вита

- Здравје, Локални, Спорт
2298

Форма вита го прослави својот шести  роденден.  Спортскиот центар Форма Вита од Струга изминатава недела прослави шест годишнина од своето постоење.

Нашето успешно постоење е резултат на многу вложен труд и максимална посветеност во работата.  Пред се позитивната енергија и вниманието што им го даваме на нашите вежбачки, не прави се поуспешни секој ден.

Ова година ни започна со голем број новитети и воведување на уште поразлични видови на тренинг што се покажа доста успешно и што е најважно со многу резултати кај нашите вежбачки.

На наше големо задоволство ја започнавме соработката со центарот за лица со попреченост „Порака Нова“ од Струга,  кои се една наша нова група вежбачи кои редовно не посетуваат и се физички активни како сите други наши членови.

Во нашиот годишен план не смееме да ги изоставиме најмалите Форма Вита Јуниор, со кои работиме со посебна програма за нивната возраст. Најновите активности ни се организација на физичка активност на отворено што ја спроведуваме еднаш месечно, како што е пешачење во планина, трчање, возење велосипед.

Веќе сме на почеток на организација на вакви активности и со возрасните групи на Форма Вита. Форма Вита постои и секогаш ќе работи на тоа да внесува нови работи и активности со задоволни членови. Можеме да кажеме дека ова е само почеток на она што ќе им го понудиме на нашите клиенти во иднина.

Извор: StrugaOnline

Facebook Коментари