Познат терминот за дуелот Вардар -Ростов

- Спорт
653

Вардар ќе го игра полуфиналниот натпревар од лигата на шампионите против Ростов во вечерниот термин од 18 часот во Ласло Пап арената во Будимпешта. Средбата треба да се игра на 12 мај.

Во првото полуфинале се среќаваат ЧСМ Букурешт и Ѓер и тоа во терминот од 15,15

Победниците од полуфиналните средби во недела на 13 мај ќе играат во финалето што е закажано за 18 часот. Мечот за трето место е од 15,15 часот.

Вардар е единствен тим со пет настапи на Ф4 турнирот во Будимпешта, и актуелен европски вице првак.

Извор: HC Vardar -Women

Facebook Коментари