Прекината е серијата победи – Вардар загуби од Барселона по втор пат

- Спорт
721

Eкипана на Барселона ја совлада екипата на Вардар   во 11-то. коло од Лигата на шампионите.

Триумфот од 29:28  значеше крај на серијата на Вардар од 25 меча без пораз која почна после поразот од Барселона и заврши со пораз од истиот состав.

Каталонците на почетокот на натпреварот го отворија резултатот, а брзо потоа водеа и со 5:2.  Извонредниот Арпад Штербик  го затвори голот и им помогна на Вардарци да се вратат во игра.

Барселона одново поведе со два гола и стигна до 8:6, но Вардар тука направи голема серија и дојде до водство од  10:8. Каталонците брзо израмнија на 10:10.

Се играше неизвесно до крајот на првиот дел, а домашните заминаа на одмор со гол предност од 15:14.

Во вториот дел од мечот Каталонците целосно доминираа, а голем број на погодоци постигнаа кога мрежата на Вардар беше празна.

И покрај ваквата ситуација, Вардарци успеаа да се вратат неколку пати, на 30 секунди до звукот на сирената шампионот имаше негатива од само еден гол разлика (29:28). Oткако ракометарите на Барселона умешно го потрошија времето резултатот остана ист и славеа со победа од еден гол разлика.

фото: архива

 

Facebook Коментари