РК Рудар од Пробиштип беше лесен плен на теренот во Струга

- Локални, Спорт
1302

Со убедлива победа од 32:9 РК Струга на домашен терен ја совлада екипата на РК Рудар од Пробиштип.Самиот почеток на натпреварот покажа во која насока ќе се движи играта откако водевме 10:0. Нашите ракометари имаа комплетна доминација од самиот почеток до самиот крај на средбата.Со оваа победа Струга е се поблиску до македонската Суперлига во која најверојатно меѓусебениот дуел меѓу Металург Јуниор и РК Струга во Скопје ќе биде натпреварот кој ќе даде појасни позиции во битката за место во македонската Суперлига. РК СТРУГА – РК РУДАР 32:9 (15:5)

Спортска сала: „ТИМИ“ во Струга. Гледачи: 500. Судии: Михајло Илиевски и Методиј Илиевски. Делегат: Саше Јанкуловски од Битола. РК СТРУГА: Јанкулоски 5, Тренчевски 4, Попоски 4, Башевски 3 , Белески 3, Кузманоски 2, Крстаноски 2, Ѓоршески 2, Гајиќ 2, Бајрамоски 2, Дукоски 1, Мемед 1, Гронки 1.

РК РУДАР: Тодоров 5, Трајковски 3, Митевски 1.

Извор и фото: StrugaOnline

Facebook Коментари