РК Вардар го совлада ПИК Сегед и остануваат на врвот

- Спорт
832

Ракометарите на Вардар забележаа нова победа во Лигата на шампионите откако вчера го совлада ПИК Сегед со 34:30. и на тој начин дојде до важни два бода со кои останува прв во групата и има сигурни плус три во однос на составот на Нант на две кола до крајот. Во текот на целиот натпревар се играше неизвесен меч, на крајот се радуваше екипата на Вардар.

Следниот викенд Вардар ќе играат на гостински терен кај Нант во Франција, и доколку победат на таа средба, на едно коло пред крајот на регуларниот дел ќе го обезбедат четвртфиналето. Доколку не се случи тоа, ќе имаат уште една шанса да го направат истото, со победа на домашен терен над Висла Плоцк.

StrugaOnline

Facebook Коментари