Сениорките на Македонија славеа против Фарските острови

- Спорт
634

Женската сениорска репрезентација на Македонија ја забележа првата победа во квалификациите за Европското првенство во Франција откако против Фарските острови во Торшавн славеше со 15:22. Одличното второ полувреме донесе триумф за Македонија и позиционирање на 3. место на табелата во групата 3.

Како што се очекуваше почетокот на средбата во Торшавн беше тежок. Дури четири минути се чекаше на првиот гол на овој дуел, а тој дојде од домашните.

Македонија брзо врати, а оваа игра продолжи и во целото прво полувреме кое заврши со резултат 7:7.

Во второто полувреме работите се изменија. Македонија првпат успеа да поведе во 34. минута кога дојде до предност од 9:8, а подобрата игра во однос на првото полувреме отвори простор за зголемување на водството.

Имаше измени во поставата, па тоа даде резултат и Македонија дојде и до плус три гола на средината од второто полувреме со што успеа да дојде до контрола на мечот и да влезе во продолжението од дуелот со многу посигурна игра.

Откако во 52. минута Бајрамоска успеа уште еднаш да го матира голманот на Фарски острови со удар од далечина, резулатот дојде до 18:14 во корист на Македонија и тука полека почна да станува јасно дека шансата за победа се зголемува.

Во следните две минути предноста стана и поголема со оглед на тоа што Керамичиева и Бајрамоска беа прецизни, а поддршка имаа и од Серафимова, па остана само прашање која ќе биде разликата на крајот од овој дуел.

На крајот беше 15:22 што беше и повеќе од доволно за да се освојат два бода од овој меч и да се оствари она што се посакуваше. Ова воедно е одлична најава за реваншот кој е в недела во 19 часот во Скопје во СРЦ „Кале“.

Извор: 24 ракомет

Facebook Коментари