Српските медиуми потврдија: Дарко Станиќ доаѓа на голот на Вардар

- Спорт
770

Српските медиуми ги потврдија најавите кои ги објави порталот  24Ракомет дека поранешниот српски репрезентативен голман Дарко Станиќ ќе биде замената за Арпад Штербик на голот на европскиот шампион Вардар. Тоа значи дека некогашниот миленик на „Пиратите“ ќе биде дел од големиот ривал на Металург во следната сезона.

Тој заедно со Страхиња Милиќ и Даниел Ѓорѓески би требало да бидат голманското трио на голот на Вардар, а покрај него во тимот доаѓаат десниот бек Дмитри Киселев од Санкт Петерсбург и левиот бек на Чеховски Медведи, Дмитри Санталов. Од Вардар на крајот на сезоната заминуваат тренерот Раул, Циндриќ, Македа, Марсениќ и Абутовиќ.

Извор:24rakomet

Facebook Коментари