Уште една трка одложена поради невреме во Пјонгчанг

- Спорт
703

Поради силниот ветар и неповолните временски услови, одложен е и велеслаломот во женска конкуренција на Зимските олимписки игри во Пјонгчанг.

Ветарот веќе со денови им прави проблеми на организаторите во Пјонгчанг, каде најпрвин беа одложени ски-скоковите на малата скокалница каде скокачите чекаа по неколку минути на температура под нулата.

А, потоа беше одложена првата скијачка дисциплина, спустот за мажин, па следеше комплетно откажување на квалификациите во поедини сноуборд дисциплини.

Извор: Sport1.mk

фото: архива

 

Facebook Коментари