Вардар го совлада Металург на хуманитарен натпревар

- Спорт
881

Екипата на Вардар продолжува со успеси.  Овојпат го совлада Металург со резултат  31-24 (12-14).  Ова беше деветти триумф за Вардар во меѓусебните дуели со Металург во СЕХА лигата. Вардарција ја продолжија и   серијата  од 16 натпревари без пораз во регионалното натпреварување и 15 троумфи по ред во 2017 година.

Натпреварот имаше и хуманитарен карактер. Приходот од продажбата на билетите од натпреварот беше наменет за операција за Борче Јовановски (16) кој мора итно да замине на операција во странство на трансплантација на коскена срж. Борче боледува од ретка генетска болест, Бета Таласемија и неговата здравствена состојба се влошува поради што е потребно да замине на лекување во странство.
Двата тима му посакаа побрзо оздравување и покрај дресот на Вардар што го доби пред почетокот на средбата, заеднички се фотографии со Борче.

Од самиот поечток на средбата Металург имаше водство од два гола, што се провлекуваше низ целото прво полувреме. Гостите играа и поагресивно во одбрана, што се отсликува и од шесте пенали досудени во корист за Вардар. Првите два Вардарци не ги реализираа, но на следните четири Тимур Дибиров беше прецизен.

Во 17. минута гостите првпат имаа и „плус 3″ за водство 9-6. Се играше интензивно и со малку промашувања особено кај гостите. На нападите кои Вардар ги реализираше,  Металург возвраќаше со добра игра па во 23 -та минута резултатот беше 13-9 за тимот од Автокоманда.
До крајот на првото полувреме Вардарци  многу подобро, врзаа  и серија од два гола по ред, па и со исклучен играч (Абутовиќ) во нападот се изборија за пенал што Дибиров го реализираше за намалување на гостинското водство на 12-14.

Второто полувреме беше интересно, а Вардар ја презеде предноста во вистинско време и преку неколку серии стигна до плус седум за на крај да слави со „плус седум“

Извор и фото : rkvardar.mk

Strugaonline

Facebook Коментари