Вардар по шести пат го освои Купот на Македонија

- Спорт
608

Доминацијата на Вардар во Македонија заврши сезонава со нов трофеј, во Купот, шести во клупските витрини. Вардар е втор тим во историјата на женскиот македонски ракомет што петпати по ред го освојувал Купот на Македонија.

На средбата со Металург немаше неизвесност, иако Вардар повторно играше со „домашен состав“ со десет ракометарки. Ниту неизвесност, бидејќи „црвено-црните“ беа фаворити и пред натпреварот.

Шанса за играње добија домашните ракометарки, а Андреа Кликовац беше најуспешна со 12 голови, пред Саздовска со девет, и Ристовска со 8 гола.

Покрај пехарот и златните медали, сите три индивидуални награди ги добија ракометарките на Вардар.
Јована Мицевска е најдобар голман, Теодора Керамичиева е најдобар стрелец, а Сара Ристовска е најдобар играч.

Вардар – Металург 46-24
ВАРДАР: Кликовац 12, Саздовска 9, Бајрамовска 3, Мицевска, Керамичиева 6, Суслина, Хмирова 2, Петровиќ 6, Гичевска, Ристовска 8

Извор и фото: zrkvardar.mk

 

Facebook Коментари