Вардар и Загреб ќе играат финале во СЕXA – лигата

- Спорт
136

Завршија двете полуфинални средби од фајналфорот во СЕХА-лигата. Во финалето очекувано се пласираа екипите на Вардар и на ППД Загреб. Но, за разлика од Вардар, кој целосно го надигра тимот на Мешков Брест, екипата на ППД Загреб против Цеље ПЛ се мачеше до последната секунда и извојува минимална победа.

Резултати од полуфиналните средби:

Вардар – Мешков Брест  33:24 (17:14)

ППД Загреб – Цеље ПЛ  29:28 (13:15)

.Утре во Скопје е слободен ден, а в недела ќе се одиграат последните две средби во сезона 2017/18:

17.45 ч.:  Мешков Брест – Цеље ПЛ   – натпревар за третото место

20.15 ч.:  Вардар – ППД Загреб   – големото финале

Извор:rkmetalurg.mk

Facebook Коментари