ЖРК-Вардар на гости ја совлада екипата на Турингер

- Спорт
980

Европскиот вице првак ЖРК Вардар ја оствари првата гостинска победа сезонава во групната фаза од лигата на шампионите, втора по ред во новиот циклус натпревари. На гостински терен кај Турингер, Вардар славеше  со 29-21 (19-11) и го задржа првото место во групата.

Судејќи според резултатот, неизвесно беше само на почетокот од натпреварот. Во 10-та минута домаќинките израмнија на 6-6, и тоа беше сѐ што успеаја да покажат на дуелот со Вардарки. Потоа, ракометарките на Вардар остварија  серија од 6-0 и водство 6-12, по кое веќе Турингер не се врати во играта. Имаше уште еден обид за пресврт во 22 минута, бидејќи Германките намалија на 10-14. И повторно следуваше наша добра игра, одбрана која овозможи лесни и брзи голови и прецизен напад.

Во второто полувреме женската ракометна екипа на Варадар имаше предност и  од 10 голови, а еднаш и „плус 11″ за водство 28-17 во 52 минута.  На крај, Вардарки славеа победа со резултат 29-21 . Во следното коло Вардар патува за Норвешка каде му гостува на Ларвик на 4-ти ноември.

Извор и фото: zrkvardar

Strugaonline

Facebook Коментари