Хаос од ѓубре пред општината во Струга!

- Вести, Локални
3019

Поради нерешавањето на проблемот со депонијата, која одново се запали и ги труеше Стружани преку целиот ден, група незадоволни граѓани уште вечерва исфрлија ѓубре пред општината!

Ако не се дислоцира депонијата ке превземеме по радикални мерки – изјави присутен граѓанин

Доколку не се реши овој проблем во најскоро време  граѓаните масовно ќе излезат на протести и блокирање на патишта – изјави присутен граѓанин

Овој проблем постои години наназад, а некој профитира од тоа и си игра со здравјето на народот – изјави револтиран граѓанин. Стружани потенцираа  дека нема да престанат со притисокот додека не се стави крај на проблемот.

Facebook Коментари