30,6 килограми охридска пастрмка и 10 парчиња рибарски мрежи пронајдени во возило на Ќафасан

- Локални
1070

Во текот на минатите три недели, царинските службеници прoнајдоа 13 мигранти без документи за идентификација и спречија повеќе обиди за криумчарење разна стока, при што привремено се задржани воздушни пушки, пригушувачи, оптички нишани и муниција за нив, риби и рибарски мрежи, употребуван погонски мотор за моторцикл, автоделови, цигари, додатоци на сихраната, бижутерија  и фалсификати.

Meѓудругото, 30,6 килограми охридска пастрмка и 10 парчиња рибарски мрежи со должина од по 100 метри, откриени се при контрола на патничко моторно возило со албански регистарски ознаки, управувано од албански државјанин, пријавени за влез во државата на граничниот премин Ќафасан. Непријавените риби и рибарски мрежи се пронајдени пред сите 4 седишта на возилото и биле покриени со патосници. Истите се привремено задржани, а против возачот е отпочната соодветна постапка.-информираат од Царинската управа.

Strugaonline

 

Facebook Коментари