АНАЛФАБЕТ на Светскиот ден на Театарот во Народен Театар Охрид

- Локални
789

Народен Театар Охрид го чествува 27 март – СВЕТСКИОТ ДЕН НА ТЕАТАРОТ.
По тој повод, Охриѓани и Стржани  ќе имаат можност да ја гледаат  комедијата на Бранислав Нушиќ – АНАЛФАБЕТ, со актерите Горан Стојаноски, Никола Тодороски, Стрезо Стаматовски и Адринана Билаловиќ Тодороска. Режијата е на Ѓорѓи Ризески.
Почетокот на претставата е  закажан за 20:00 часот
Билетите по цена од 150 денари можат да се купат на билетарата на театарот, која работи секој ден (освен во недела) од 10:00 – 20:00 часот.


Меѓународниот ден на театарот се прославува од 1962 година, а е воспоставен од Меѓународниот театарски институт, со цел да се афирмира вредноста и важноста на театарската уметност, и да се апелира до владите, политиката и институциите да ја препознаат вредноста која театарот ја носи за луѓето, индивидуите и развојот на заедниците. Многу театарски институции низ целиот свет, на овој ден синхронизирано испраќаат универзална порака, напишана од реномирани светски имиња во театарската уметност.

Strugaonline

Facebook Коментари